ТОС-2 „Тосочка“ до крајот на оваа година влегува во завршната фаза на тестирањата

Слободан Ѓукиќ
Тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 „Тосочка“ претставува понатамошна еволуција на артилериско-пламенофрлачкиот систем ТОС-1А „Сонцепјок“, која ќе има зголемени тактичко-технички карактеристики. За разлика од својот претходник кој се наоѓа на тенковска шасија, „Тосочка“ како основна платформа користи камион на тркала „Урал“ со зголемена носивост и проодност. Орудието ќе биде значително помобилно и ќе користи нови ракети со зголемена разорна моќ и ефективен дострел.

„Во моментов компанијата активно работи на новиот тежок повеќецевен ракетен лансер ТОС-2. Планираме до крајот на тековната година да влеземе во етапата на завршните државни тестирања по што, во зависност од нивниот исход, ќе биде донесена одлука за сериско производство. Очекуваме дека фабриката во Перм ќе биде максимално зафатена со нови нарачки“, изјави на Петербуршкиот меѓународен форум генералниот директор на АД „Технодинамика“ Игор Насенков, пренесува веб-порталот ТВ „Ѕвезда“.

Тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 „Тосочка“ претставува понатамошна еволуција на артилериско-пламенофрлачкиот систем ТОС-1А „Сонцепјок“, која ќе има зголемени тактичко-технички карактеристики. За разлика од својот претходник кој се наоѓа на тенковска шасија, „Тосочка“ како основна платформа употребува камион на тркала „Урал“ со зголемена носивост и проодност. Самата платформа и виталните делови на системот се зајакнати со дополнителна оклопна заштита која штити од стрелечка муниција и фрагменти на гранати. Во однос на претходните верзии (ТОС-1А „Сонцепјок“) платформата на тркала значително ќе ги зголеми параметрите на мобилност, со што се обезбедува висок интензитет и благовремена употреба на артилериските системи при изведување на борбените дејствија.

Системот за управување со огнот на ТОС-2 е во целост автоматизиран. На возилото се наоѓа кран-манипулатор, кој врши полнење на орудието со ракети така што на „Тосочка“ не ѝ е потребно посебно транспортно-логистичко возило. Покрај тоа, на „Тосочка“ е монтиран и систем за радиоелектронска заштита која е ефикасна во одбраната од високопрецизни типови убојни средства. 

Исто така, новата „Тосочка“ ќе има и модернизирани ракети кои имаат поголем ефективен дострел во однос на претходните верзии. Се работи за ракетата МО.1.01.04М со калибар 220 мм, која е биде опремена со термобаричка боева глава со поголема разорна моќ. Оваа ракета е долга 3,72 метри, а нејзината маса достигнува 216 килограми. Максималниот дострел на ракетата е 6000 метри. Температурниот опсег на нејзината употреба е од -40 до +50 степени Целзиусови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња