Путин свечено ќе означи почеток на производството на вакцината „Спутник Vˮ во Србија и Аргентина

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин заедно со колегите од Србија и Аргентина – Александар Вучиќ и Алберто Фернандез – во петок, 4 јуни, ќе го означи почетокот на производство на вакцината „Спутник Vˮ во тие земји.

„Денес ќе се одржи состанок со инвеститорите и компаниите кои ја произведуваат вакцината „Спутник Vˮ, им соопшти на новинарите портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков на маргините на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ). Тој додаде дека настанот го организира Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ). Според претставникот на Кремљ, на тој состанок преку видеолинк ќе присуствуваат претседателите на Аргентина и Србија. „Тие ќе го означат почетокот на производството на „Спутник V“ во нивните земји“, објасни Песков.

На настанот ќе учествуваат и инвеститорите. Главна тема на состанокот ќе биде решавање на последиците од пандемијата.

„Инвестициската активност не е запрена, и покрај многу сложената (2020) година. Профитот опадна, но сепак од гледна точка на кризната година нивото остана прифатливо. И тоа е многу важно“, смета портпаролот на рускиот претседател.