„Национален Интерес“: НАТО има причина да стравува од тактичкото нуклеарно оружје на Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија има најголем арсенал на тактичко нуклеарно оружје во светот: за ова пишува воениот експерт на списанието „Национален Интерес“ (National Interest) Марк Епископос. Тој тврди дека Русија се потпира на тактичкото нуклеарно оружје како на основен фактор за одвраќање во однос на земјите на Северноатлантската алијанса.

Во тактичко нуклеарно вооружување авторот на списанието го вбројува оружјето со дострел од најмалку 5500 километри. Тоа може да се примени на боиштето за постигнување пресврт во судирот.

Голем дел од тактичкото нуклеарно вооружување на Русија се наоѓа под надлежност на Воената морнарица на Русија, пишува „Национален Интерес“.

Тука спаѓаат крстосувачките ракети од семејството „Калибар”, новите ракетоносци од типот на нуклеарната подморница „Јасен” и повеќенаменската фрегата „Адмирал Горшков”. Притоа, како што смета аналитичарот, многу се преувеличени сите приказни за тоа дека Кремљ прави грандиозни планови за освојување на било што. Руското тактичко нуклеарно оружје е реално средство за одвраќање на земјите на НАТО, како и средство во потенцијален конфликт да се израмнат силите со непријателот.