Канадски портал: Од ова руско оружје непријателите „бегаат како девојчиња”

Министерство за одбрана на Русија/Global Look Press
Рускиот хеликоптер Ми-28 ќе го натера секој непријател врескајќи да избега во спротивен правец.

Ова го објави канадскиот портал HotCars.

Авторот на статијата Бени Кик истакнува дека Русија е еден од најдобрите производители на воена авијација во светот. Во текот на последните сто години во секој конфликт во кој учествувала Москва Русите имале култен авион или хеликоптер што остана во сеќавањето на луѓето.

„Во Втората светска војна, тоа беше Ил-2, во Виетнам МиГ-21“, објаснува тој.

Како што истакнува Кик, секој пилот би позавидел на опремата на Ми-28НМ, а вооружувањето на овој хеликоптер ќе го натера непријателот „да избега како девојче“.

Според него, основната предност на модернизираната верзија на ова летало лежи во неговата способност да ги реализира сите потребни функции во сите временски услови и во кое било време од денот или ноќта.

„Радарот и електрониката од руско производство гарантираат дека Ми-28НМ нема слепа точка за време на песочни и снежни бури или во какви било неповолни временски услови“, пишува авторот.

Кик додава дека новите моќни мотори KlimovVK2500P, како и унапредените лопатки на носечката елиса овозможуваат максималната брзина да се зголеми за 13%, а брзината на крстарење до 10%. Ова мало зголемување во услови на борбени дејствија „може да го реши прашањето на живот и смрт“ за оние кои хеликоптерот треба да ги заштити, заклучува експертот.

Ми-28НМ се произведува во фабриката „Роствертол“ (во состав на холдингот „Хеликоптери на Русија“). Највпечатливата надворешна карактеристика на Ми-28НМ во однос на претходната верзија е сферичната облога на радарот сместена над самата елиса.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња