Александар Рјумин
TASSРуската армија активно го употреби својот офанзивен хеликоптер Ми-28 „Ноќен ловец“ во Сирија. На овој начин се регистрирани проблемите во борбената експлоатација на хеликоптерот кои не можат да се идентификуваат во стандардни вежбовни услови. Ова особено се однесува на аномалиите во нападно-навигацискиот сегмент на леталото и на карактеристиките на моторот. Според американскиот Интернет-портал „Нешионал интерест“, ова воено искуство доведе до модернизација на базичното летало кое сега е подигнато на сериозно борбено-технолошко ниво.
Така, на саемот на вооружување и борбена техника „Армија-2018“ беше прикажан последниот експериментален модел на овој хеликоптер кој беше вооружен со напредни високопрецизни наведувачки ракети 9М123М „Хризантема-В“. Конкретно, станува збор за ракета која ќе се наведува на целта со помош на двоканален систем за наведување. Ефективниот дострел на оваа ракета ќе изнесува 10 километри. Претпоставка е дека тандем-кумулативната боева глава на оваа ракета може да пробие 1.300 милиметри хомогена челична плоча која е заштитена со реактивен оклоп. Покрај ова подобрување, модернизираната варијанта на офанзивниот хеликоптер ќе може да ги уништува целите на копно и со употреба на бомба со тежина од 500 килограми.
Покрај овие ракети и бомби на хеликоптерот е интегриран и усовршен моторот ВК-2500П¹ кој има продолжено време на експлоатација зашто на него е применет систем за мултициклонски филтри за елиминација на нечистотијата што се јавува во различни временски услови на примена. Авторот на овој текст верува дека најновата модификација која носи ознака Ми-28НМ ќе биде еден од главните извозни адути кога станува збор за борбените хеликоптери кои ќе се одликуваат со навистина моќен погонски мотор.
Кон крајот на мај 2017 година холдингот „Вертољоти Росии“’ објавија податок дека ја започнале реализацијата на завршната фаза на тестирањето на модернизираните верзии на хеликоптерот 28НМ „Ноќен ловец“. Кусо потоа на Меѓународниот воен саем „Армија 2018“ беше прикажана најновата модификација на хеликоптерот Ми-28НЭ наменета за извоз која беше опремена со ракети „Хризантема-М“ и со систем за управување со беспилотни летала директно од кокпитот на хеликоптерот.
Ми-29 е советски и руски офанзивен хеликоптер кој првенствено е наменет за ефикасно изведување на противоклопни борби со цел уништување современи основни борбени тенкови на непријателот и други оклопни средства, вклучувајќи и жива сила. Благодарение на силната оклопна заштита и на маневарските способности, овој хеликоптер е проектиран да ги изведува своите борбени мисии во услови на активно огнено противдејство на непријателот.
¹ВК-2500 претставува подобрена верзија на познатиот хеликоптерски мотор ТВ3-117 кој го осмисли легендарниот завод „Климов“ од Ленинград, сега Санкт Петербург. Неговите предности во однос на овој мотор се огледуваат во значително поекономичната потрошувачка на гориво, на поголемата излезна сила и на примената на системот за автоматско управување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче