Имунизацијата со Спутник V во Србија ја потврди безбедноста на руската вакцина

AP
Имунизацијата со руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ во Србија ги потврди високите показатели за безбедноста на овој препарат, се вели во соопштението на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).

Според официјалните податоци за безбедноста, вакцината Спутник V уште еднаш го покажа отсуството на несакани појави поврзани со вакцинацијата.

Не се забележани смртни последици како последица на вакцинацијата, ниту пак случаи на церебрална венска тромбоза по примањето на рускиот препарат, пренесува новинската агенција Новости.

Како што наведуваат од Фондот за директни инвестиции, примената на вакцината Спутник V помогна Србија да го заземе лидерското место во вакцинирањето на населението во европските земји.

Според податоците од Фондот, во Србија со различни вакцини се вакцинирани повеќе од една четвртина од населението (28 отсто), двапати повеќе одошто во Европа (14 отсто).

Низата мерки, вклучувајќи и активна програма за имунизација, ѝ овозможи на Србија да го намали просечниот број на заболени на дневно ниво за дури 12 пати за еден месец, во однос на крајот на март и почетокот на април кога цифрите беа најголеми.

Како што истакнуваат од рускиот Фонд во овој момент бројот на заболени од заразната болест КОВИД-19 во Србија е под европскиот просек. Благодарение на ефикасната кампања за вакцинација намален е просечниот број смртни случаи на дневно ниво и тоа за четири пати во однос на почетокот на април кога тие беа највисоки.

„Го цениме партнерството со Србија и подготвени сме да им испорачаме вакцини и на другите земји со цел да помогнеме во заштитата на здравјето на луѓето“, изјави првиот човек на Фондот за директни инвестиции Кирил Димитриев.

Претходно во Центарот Гамалеја беше речено дека комплетно вакцинирани луѓе со препаратот Спутник V имаат 14 пати помала шанса да добијат инфекција во среден у во тежок облик.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња