Единствениот во Русија женски екипаж за хемиска заштита настапи на натпреварот „Безбедна средина“ во Кострома. На полигонот рамноправно со мажите овие дами возеа БТР, совладуваа пречки во трка и ползеа во чад под затегната бодликава жица, соопштува Министерството за одбрана на РФ.
„Ползењето беше најтешко, нагло се губи здив. Имаше многу задачи со трчање кои може да ги извлечеш само на издржливост“, изјави студентката во четврта година Ана Казакова.
Оклопниот транспортер за хемиско извидување во рацете на девојките одважно помина по асфалтот и влезе во базенот со вода.
На прашањето дали беше страшно, Казакова само се насмеа.