Свештеник одбра молитви против „срамотни филмови“ што ги генерира Telegram бот

Максим Константинов/Global Look Press
Ботот му поставува на корисникот прашање колку време поминал гледајќи содржини од категоријата 18+ и врз основа на тоа одредува кои молитви и колку долго треба да чита за да се исчисти од гревот.

Корисниците на месинџерот „Телеграм“ сега можат да користат бот што им овозможува да си го искупат гревот направен со гледање порнографија. Консултациите поврзани со изборот на молитви ги дал вистинскиот свештеник Константин Маљцев, настојник на краснодарскиот храм.

Ботот му поставува на корисникот прашање колку време поминал гледајќи содржини од категоријата 18+ и врз основа на тоа одредува кои молитви и колку долго треба да чита за да се исчисти од гревот.

Свештеникот објасни дека креаторите на ботот го прашале за совет. Тие го замолиле да им препорача молитви што би можеле да се читаат во слични случаи.

На Маљцев, како што вели тој, му се чинело дека момчињата навистина ги загрижувало тоа прашање, па затоа решил да им помогне и да избере молитви кои му помагаат на еден човек да го победи тоа искушение.

Свештеникот нагласи дека читањето молитви само по себе не помага, туку потребно е најпрвин човекот да се покае.

„Сфатив дека тие самите се загрижени за тоа и дека прашуваат за себе, а и дека некому даваат препорака во таа смисла. Тоа е иницијатива на самите верници. Секако, јас им реков дека покајанието е задолжително, а по покајанието и причестувањето и дека ова е само електронски молитвеник“, изјави Константин Маљцев за порталот „Подем“ (Подъём).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња