Експертот за машинско учење и блогер Денис Ширјаев на својот телеграм-канал објави фото-портрет на Иван Грозни, првиот руски цар од династијата Рјуриковичи, според верзија на невронски мрежи.
Ширјаев ја зеде како основа реконструкцијата на царевиот лик која уште во средината на ХХ ја направи познатиот научник Михаил Герасимов, напиша овој стручњак на социјалната мрежа.
Во 1963 година, за време на реставрацијата на Архангелската црква во московскиот Кремљ, беше отворен гробот на Иван Грозни. Герасимов тогаш доби можност да го реконструира ликот на царот. Научникот го применил својот специфичен метод на реконструкција на лице врз основа на обликот на черепот и ја направи бистата која им е добро позната и на историчарите и на учениците.
Главата на првиот руски цар Иван Грозни реконструирана според со помош на стереометрија. Лабораторија за пластична антропологија.
Александар Лискин/Sputnik„А јас ја зедов бистата-реконструкција на Иван IV и со неа ги наранив невронските мрежи кои се обучени на десетици илјади лица и добив приближно како можел да изгледа тој“, напиша Ширјаев. Старата круна на руските цареви, Шапката на Мономах, тој од чиста љубопитност му ја доцртал на царот во програма за обработка на фотографии. Ширјаев објаснува дека добиениот лик не е апсолутно веродостоен. „Тоа е само нагаѓање на невронските мрежи“, додава тој.
„Сепак, секогаш е интересно да се погледне како можеле да изгледаат личности од минатото“, додава тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче