Јубилеен лет на акробатската пилотска група „Стрижи“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Акробатската пилотска група „Стрижи“ (што на руски значи „Ластовички“) наполни 30 години. Погледнете како ја изведува точката под назив „Кубански брилијант“.

Официјално за ден на нејзиното основање се смета на 6 мај 1991 година, кога првпат се појави на авиомитингот под називот „Стрижи“. Во 2004 година во нивните точки е вклучен заеднички лет на пилотските групи „Стрижи“ и „Руски витези“. Го изведуваат девет авиони (пет Су-27 и четири МиГ-19) во строј на ромб со изведба на сите фигури на акробатско летање. Оваа точка беше наречена и „Кубански брилијант“. Токму во овој строј „Стрижи“ ќе настапат на 9 мај оваа година во воздушната парада над „Црвениот плоштад“.