Русија до крајот на годината планира три лансирања на интерконтинентални балистички ракети „Сармат“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Русија до крајот на оваа година во состав на летечко-конструкторските тестирања се планирани три лансирања на интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, откриваат извори од воено-индустрискиот комплекс и лица блиски до Министерството за одбрана на РФ.

Првата ракета ќе биде истрелана „некаде во третиот квартал“ на „бојното поле на полигонот Кура на Камчатка“. Сите лансирања ќе бидат изедени од силосен лансирен уред на космодромот Плесецк.

Не е исклучено една ракета да биде истрелана на максимално растојание. Следната година се очекуваат државни тестирања на ракетата „Сармат“ и распоредување на првиот полк на борбено дежурство, а воениот ресор „веќе купува сериски произведени ракети“, пренесува новинската агенција ТАСС.

„Сармат“ (РС-28) ќе ја замени најтешката на светот стратешка ракета „Војвода“ (според кодификацијата на НАТО „Сатана“, РС-20В). Опитно-конструкторските работи на тој проект започнаа во 2011 година. „Сармат“ ќе може да погодува цели летајќи како преку Северниот, така и преку Јужниот пол, совладувајќи ги системите за противракетна одбрана.

Погледнете го видеото: Сè за интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“