ВИДЕО: „Калашников“ го претстави карабинот АКВ-521 со патрони .366 TKM

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Групата компании „Калашников“ ја претстави верзијата на својот нов карабин со мазна цевка АКВ-521 кој користи ловечки патрон .366 ТКМ. Главната предност на ова оружје е во тоа што ќе може да се набави без 5-годишен стаж во поседување на оружје, што инаку е предуслов за набавка на оружје со ожлебена цевка.

Како што објасни директорот на конструкторскиот центар за цивилно стрелечко оружје на Групата компании „Калашников“ Валентин Власенко, мазната цевка на АКВ-521 има на крајот на цевката рецка од типот „Парадокс“ долга 140 милиметри. Притоа пречникот на цевката за патронот .366 ТКМ е поголем отколку за калибар 5,45 и 7,62, така што се зголемени и димензиите на гасната комора. Затоа празен карабин без магацинот е тежок 3,9 килограми, околу 100 грама потежок од верзијата со ожлебена цевка.

Со оглед на тоа дека се работи за оружје со мазна цевка, ефикасниот дострел е до 300 метри. Се очекува производството на оваа верзија на карабинот да почне истовремено со производството на модификациите со ожлебена цевка.

Карабинот АКB-521 е заснован на идејата дека оптичките уреди треба да бидат нераскинливо поврзани со цевката. Затоа конструкциски оружјето се состои од два основни дела: горен и долен. Првиот го сочинуваат цевката со затворачот и пружината, а вториот сето останато. Носачот за оптичките уреди ја зазема целата должина на сандакот на цевката. Притоа е предвидена можност за замена на цевката за различни калибри.