Бродовите и нуклеарните подморници на Северната флота тргнуваат на маневри (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Во Северната флота на руската морнарица почнаа масовни воени вежби во кои учествуваат подморници, бродови, копнени сили и армии на Военото воздухопловство и ПВО.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, со маневрите раководи командантот на руската Воена морнарица Николај Евменов. Во текот на вежбите посебно внимание ќе биде посветено на безбедноста на економските објекти на Русија на Арктикот.

Претходно весникот „Росијскаја газета” објави дека војската ќе изведе и вежби за спасувачки операции, давање помош на море, како и дејствување во кризни ситуации.