Американски медиуми: „Адмирал Нахимов“ може да стане најмоќниот воен брод на светот

Лав Федосеев/TASS
Модернизацијата на тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Адмирал Нахимов“ потраја, но ако успешно заврши ова пловило може да стане најмоќниот воен брод на Воената морнарица на РФ, а можеби и на целиот свет.

Изградбата на крстосувачот започна во 1983 година на Балтичкото бродоградилиште, а веќе во декември 1988 година бродот беше примен во арсеналот на Воената морнарица на СССР, се сеќава авторот на статијата. Интересно е што овој брод првично го носеше називот „Калинин“, но во 1992 година беше преименуван по рускиот адмирал Павел Нахимов, кој 1853 година ја победи турската флота во Синоп. „Адмирал Нахимов“ беше испратен на сервисирање и модернизација во 1997 година, но процесот се одолжи поради финансиските тешкотии во тогашна Русија, така што работите започнаа многу подоцна, дури во 2013 година, пишува воениот аналитичар Питер Сучиу во магазинот „Национален Интерес“.

„Кој чека ќе дочека, и сега, по последните напори насочени кон модернизација „Адмирал Нахимов“ сигурно ќе стане најмоќниот воен брод во Воената морнарица на Русија, а можеби и во целиот свет. Ќе биде опремен со разни радари и напредни сензори, како и со разновидно офанзивно и дефанзивно вооружување“, пишува американскиот новинар.

Од друга страна, авторот на статијата е скептичен во поглед на изјавата дадена минатото лето од Алексеј Рахманов, раководител на Обединетата корпорација за бродоградба, дека модернизацијата на крстосувачот е при крај.

„Тој воен брод помина повеќе време во процес на модернизација отколку на море. ...Со оглед на последните одложувања, опремувањето и модернизацијата можат вкупно да потраат повеќе од десет години. Тој брод е многу моќен, можеби еден од најмоќните во светот, така што Русија секако треба еден ден да го спушти во вода, а кој знае кога тоа ќе се случи“, пишува експертот.

Минатата недела извор во военоиндустрискиот сектор изјави дека тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач од проектот 11442M (шифра „Орлан“) „Адмирал Нахимов“ ќе ѝ биде предаден на Воената морнарица на РФ најрано во 2023 година.

„Адмирал Нахимов“ е на сервисирање од 1999 година, но работите на него се вршат од 2013 година. Во рамки на модернизацијата крстосувачот ќе биде опремен со унифицирани лансери и ќе може да носи разни видови ракети, вклучително и хиперсонични ракети „Циркон“.

Прочитајте повеќе: За доминација на океаните: Кои квалитети ќе ги има најголемиот нуклеарен крстосувач на светот?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња