Кон крајот на март, силите на Руската национална гарда (Росгвардија) отидоа во Арктичкиот регион за да ги совладаат вештините за спасување на заробеници од товарни бродови грабнати од пирати.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Целта на овие воени вежби е да се тестираат вештините на специјалните единици во најстудениот регион на светот и да се провери нивната способност да ги одбранат интересите на Русија во тој дел од светот.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
На пример, единиците на Руската национална гарда во моментов имаат задача да штитат три нуклеарни постројки и седум бродови со нуклеарни инсталации (вклучувајќи ја и првата пловечка нуклеарна централа во Певек во Арктичкиот регион), како и девет меѓународни пристаништа по должината на Северниот морски пат.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Програмата на вежбите има две фази.
Сценариото на првата фаза е следново: криминална група заробила товарен брод што пристигнал во пристаништето веднаш по нуклеарен мразокршач. Терористите или пиратите сакаат да украдат товар од бродот што содржи експлозивни материјали.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Задачата на воените единици не беше само јуриш на бродот со експлозии и вооружени борби, туку и незабележливо да продрат на бродот и нечујно да ги елиминираат непријателите еден по еден.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Задачата е дополнително комплицирана со фактот дека специјалците треба да спасат добро чувани заложници со експлозив околу половината, кој мора да го неутрализираат.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Специјалните единици поминаа два дена во возење на воени моторни санки и организираа спиење на мраз.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Покрај тоа, специјалците мораа да поминат скоро 2000 километри на моторни санки и во баги и да стигнат до аеродромот Диксон, со цел да се елиминира терористичката закана на оддалечениот аеродром за цивилна авијација.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Овие вежби се дел од Стратегијата за развој на арктичката зона на Руската Федерација и националната безбедност за периодот до 2035 година.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Овие изискувачки задачи бараат постојано усовршување на потенцијалот на трупите на Националната гарда. Само во 2020 година во арктичката зона се осуетени преку 700 обиди за неовластено влегување во важни државни објекти штитени од единиците на Руската национална гарда.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Во 2018 година во Мурманската област трупите на Националната гарда, како дел од специјалната тактичка вежба „Артик-2018“, успешно решија повеќе службени и борбени задачи во соработка со граничните власти на Федералната служба за безбедност на Русија и Министерството за одбрана на РФ, како и при слетувањето на подрачјето на Земјата на Франц Јозеф.
Алексеј Пестриков/Росгвардия
Денис Кожевников / TASS