„Практично развивме нова технологија која ќе овозможи вакцината кај луѓето да предизвикува заштитен имунитет во однос на четири-пет варијанти на вирусот, предизвикувачот на Ковид-19, а не само спрема еден вид“, изјави Гинцбург, кој ја спореди оваа технологија со „касетна боева глава“.
Според него, во овој момент Центарот се занимава со претклинички испитувања на овој препарат. Како што истакнува Гинцбург, наведената работа „сесрдно ја поддржува“ министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко.
Во Русија почна тестирањето на комбинирана вакцина против грип и коронавирус. Истражувањата се вршат врз животни во Државниот научен центар за вирологија и биотехнологии „Вектор“ при „Роспотребнадзор“, изјави генералниот директор на установата Ринат Максјутов. Според него, препаратот е од огромно значење бидејќи населението ќе биде вакцинирано истовремено против две инфекции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче