Акробатската пилотска група „Руски витези“ ја одбележува својата 20-годишнина. По тој повод, нејзиниот командир Сергеј Шчеглов даде интервју за агенцијата ТАСС.
Су-30СМ
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressТој, меѓу другото, раскажа дека ловците Су-30СМ и Су-35 им дале поголеми можности на пилотите. Тие авиони можат да го изведат и она што претходно се сметаше за критично.
„Претходно, „ковитот“ беше нешто на работ на возможното, а денес е сосем вообичаен маневар“, објасни командирот. „Авионите се многу добри, имаат големи можности, а нашата техника спаѓа меѓу најдобрите на светот“.
Шчеглов прецизираше дека Су-30СМ и Су-35 ја задржаа аеродинамиката на нивниот претходник Су-27, но добија помоќни мотори и современа авионика. Со тоа е проширен спектарот на нивната борбена примена.
Според него, новите авиони се „поблиски“ со пилотот. Тој веќе не мора да мисли дали ги пречекорил критичните параметри, т.е. напаѓачкиот агол и оптоварувањето.
Су-35
Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press„Дури и во ситуации кога средствата за аеродинамично управување не се доволни, авионот вклучува контролиран вектор на потисок“, вели Шеглов.
Групата „Руски витези“ во 2019 и 2020 година доби ловци Су-35С од генерацијата 4++. Тоа во моментов е нивната најмодерна модификација. Пилотите мораа да поминат дополнителна обука за управување со овие авиони со големи маневарски можности.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче