„Фрегатата на Тихоокеанската флота „Маршал Шапошников“ од водите на Јапонското Море првпат изведе лансирање на крстосувачка ракета „Калибар“ врз копнена цел. Ракетата стигна до полигонот на подрачјето на ‘ртот Сјуркум, каде што погоди ја крајбрежната целна позиција“, се вели во соопштението на рускиот воен ресор, пренесува „Интерфакс“.
Опсегот на гаѓањето на целта надминува 1000 км, прецизира Министерството за одбрана на РФ.
Војската соопшти дека ракетното гаѓање беше обезбедено од бродови и пловила на Тихооеканската флота, како и од авиони и хеликоптери на морнаричката авијација, кои го затворија опасниот реон од водите и воздушниот простор.
„Маршал Шапошников“ е фрегата на Тихоокеанската флота, која по модернизацијата стана носач на ракети „Калибар“.
Од крајот на март војската во повеќе наврати известува за вежбовни гаѓања на руски бродови во Јапонското море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче