„Бурлак“: Се појавија нови фотографии од модернизираниот Т-80

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Неколку извори на Интернет објавија нови фотографии од унифицираното борбено одделение „Бурлак“. Ако порано видовме фотографии базирани на Т-90, тогаш сегашните се од модернизираниот корпус на Т-80, пишува „Росијскаја газета“.

Корените на оваа разработка започнуваат кон крајот на 1990-тите години, кога првпат беше претставен новиот тенк „Објект 640“, попознат како „Црн орел“. Кај него, исто како и кај „Бурлак“, во задниот дел на куполата има отсек за автоматскиот полнач и муницијата.

Борбената машина тешка 48 тони е вооружена со топ од 125 мм, има силна оклопна заштита, модерни нишани и мотори на гасни турбини со 1500 коњски сили. Речиси четвртина век по неговото создавање, тој не отстапува во однос на неговите странски пандани.