На снимката се гледа дека експлозијата малку го искривила и скинала металниот оклоп и направила мала дупка во близина на тркалото, но тркалото е на своето место. Се добива впечаток дека оклопниот транспортер е само „гребнат“ и дека е сé уште во функција.
Во описот на видеоснимката не се наведува кога се случила експлозијата. Познато е само дека тоа се случило во округот Алто-Апуре кој се наоѓа близу границата со Колумбија. Авторите на видеоснимката тврдат дека мината ја поставиле припадниците на бунтовничката колумбиска група FARC-EP.