Шведска би можела да ја добие руската вакцина „Спутник V“ во јуни

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Шведска би можела да ја добие руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ во јуни, изјави шведскиот координатор за вакцинација Ричард Бергстром за весникот „Афтонбладет“.

Според него, тој разговарал со компанијата што ја претставува руската вакцина за цените и условите за испорака. Руската страна одговорила дека би можела да испорача 200000 дози вакцина во јуни, рече Бергстром.

Бергстром исто така напомена дека Унгарија и Словачка издадоа итни одобренија за употреба на „Спутник V“, без да чекаат одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА). Во меѓувреме, Шведска очекува дека ЕУ ќе ја одобри употребата на руската вакцина во мај.

Бергстром рече дека резултатите од испитувањето на „Спутник V“ „изгледаат ветувачки“ - ефикасноста на препаратот се проценува на околу 93%.

Дека Шведска е заинтересирана за руската вакцина Бергстром објави уште во февруари. Тогаш тој тврдеше дека Стокхолм може да склучи договор за набавка на вакцината пред таа да биде официјално одобрена од ЕУ.