За ова на својот профил на „Твитер“ напиша Тедрос Аданом Гебрејезус.
„Имав конструктивен телефонски разговор со министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко за одговорот на КОВИД-19 на глобално ниво и во Русија, како и за вакцината „Спутник V“ и процесот на вклучување во списокот на препарати на СЗО за итна примена. Ги ценам инвестициите на Русија во наука“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.
Вакцината „Спутник V“ стана втората по популарност вакцина против коронавирус во светот.