Т-54
ИТАР-ТАСС„Од 1946 до 1983 година се направени преку 100000 тенкови Т-54/Т-55, така што таа серија е најмасовната во историјата на производството на тенкови“, соопштува весникот „Национален Интерес“ (NI ги зема предвид сите копии и модификации на тенкот правени во Кина и членките на Варшавскиот пакт).
Во ерата на Студената војна тенкови произведени во СССР и земјите на социјалистичкиот блок ги користеше Сирија во Шестдневната војна против Израел, каде што им се спротивставија американските тенкови M48 „Паток“ и англиските „Сентурион“. Покрај тоа, Т-54 и Т-55 дојдоа до израз во борбените дејствија во Индија, Камбоџа и Уганда. Симбол на поразот на САД во Виетнам беше хеликоптерот Bell UH-1 „Ирокез“ кој го фрлаат во вода од палубата на носач на авиони, додека симбол на победата на виетнамската армија е тенк Т-54 кој ја уништува капијата на Дворецот на независноста во Сајгон.
Треба да се истакне дека ова оружје на советските конструктори ја докажа својата ефикасност и во војните во 21 век на Блискиот Исток.
Тајната на популарноста на Т-54 и Т-55 се крие во спојот на мобилноста, високата огнена моќ, добриот оклоп и лесното сервисирање. Тенкот има топ со ожлебена цевка со калибар 100 мм и митралез со калибар 7,62 мм во уникатната полукружна купола. Во неа комотно можеа да се сместат топот и екипажот. Со челичниот оклоп со дебелина од 100-200 мм на Т-55 првпат беше додаден систем за нуклеарна, хемиска и биолошка заштита.
Моќниот мотор од 580 КС овозможува тенкот тежок 30 тони да се движи со брзина од 50 км/ч. Со еден резервоар тенкот може да помине 500 км. Спојот на сила и тежина му обезбедува на тенкот висока мобилност. Специфичниот притисок врз подлогата е низок, што му овозможува добра подвижност дури и во длабока кал и надвор од патишта.
Како што истакнува наведениот весник, тенковите Т-54 и Т-55 беа прилично извезувани во странство и сé уште ги користат армиите на 50 земји. Во ноември 2020 година во Индија, во градот Алибаг, Т-55 беше поставен на пиедестал како споменик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче