Проект „Игман“: Југославија имала намера да го наоружа тенкот Т-55 со противтенковски ракети (ФОТО)

twitter.com/gvozdenavolja
Основниот борбен тенк на ЈНА требало да биде наоружан со противтенковски наведувани ракети „Маљутка“, кои во СФРЈ беа произведувани по лиценца купена од СССР. Според плановите на југословенската воена индустрија, тоа значително ќе ги зголемеше огнените можности на тенкот и ќе му овозможеше успешна борба со противнички тенкови на далечини и до 3 илјади метри.

Две противтенковски ракети се наоѓаа на лансер монтиран над основниот топ. Што се однесува до топот, југословенската воена индустрија имаше во план да го замени со орудие со калибар 105 мм со термоизолациска облога, што ќе ја зголемеше неговата прецизност, наведува веб-порталот РГ.

На куполата на модернизираниот основен борбен тенк Т-55 е планирана инсталација на фрлач на чадни бомби за создавање аеросолна завеса, како и на сензори кои би регистрирале ласерско озрачување на тенкот. Гасениците би биле заштитени со бочни екрани.

Според одделни извори, оваа модификација на основниот борбен тенк Т-55 требаше да го добие името „Игман“, во чест на партизанските единици кои во екстремно тешки временски услови успеаја да поминат преку оваа планина зимата 1942 година.

За оваа југословенска модификација Т-55 „Игман“ беа заинтересирани бројни странски земји, меѓутоа, поради драматичниот распад на СФРЈ предизвикан од граѓанската војна, дојде до логично запирање на овој проект.

Неопходно е да се каже дека советските конструктори на тешка оклопна техника уште во 60-тите години на минатиот век експериментираа со интеграција на противоклопниот наведуван систем „Маљутка“ на тенкови од лесна, средна и тешка категорија. Развојот на овие истражување доведоа до тоа Советите да успеат да истрелаат наведувана ракета од тенковски топ. Првата модификација на тенкот Т-55М која го овозможуваше овој новитет влезе во вооружувањето 1983 година.

Интересно е да се наведе дека одреден контингент тенкови Т-55 кои имаа способност за лансирање на противтенковски наведувани ракети му беа испорачани на Перу. Овие варијанти на тенкот имаа по две противтенковски ракети поставени на носач од левата страна на куполата. Ваквиот тип модификација беше реализиран кај ограничен број машини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња