На видеоматеријалот се гледа напад со тнр. „лојтеринг“ муниција врз пренаменето возило што го користеа терористичките сили на северот на Сирија. Судејќи според сé, се работи за експериментално-борбена употреба на новите беспилотни летала (дронови-камиказе) што се произведуваат под покровителство на концернот „Калашников“. Фазата на тестирања во реални борбени услови ќе опфати напади врз копнени непријателски цели (подвижни и неподвижни) со индивидуален дрон-камикаѕе, но и со масовна употреба на поголема група дронови поврзани меѓусебно во вид на „рој“, пренесува веб-порталот Marsonline.
Русите на овој план со полна пареа. Во последно време е направен сериозен исчекор со комплетирање на серијата ударни беспилотни системи, како што се „КУБ“, „Ланцет-1“ и „Ланцет-3“. Интелектуалниот комплекс кој ќе биде „мозокот“ на овие беспилотни летала опфаќа неколку круцијални тактички способности како што се извидување, комуникација, навигација и ударна способност.
Zala Aero Group, компанија-ќерка на концернот „Калашников“ (дел од државната корпорација „Ростех“) работи на проект на ново беспилотно летако кое конкретно ќе спаѓа во категоријата на дронови-камикаѕе, изјави на времето директорот на производство на комплекси вооружување во рамките на корпорацијата „Ростех“ Бекан Оздоев.
Тој додаде дека компанијата Zala Aero Group, која влегува во групата „Калашников“, произведува серија ударни беспилотни системи, во кои спаѓаат „КУБ“, „Ланцет-1“ и „Ланцет-3“. Сите овие летала според своите тактичко-технички карактеристики се подобри од странските пандани. По овој успех компанијата Zala Aero Group стана првата во Русија која направила тнр. лојтеринг муниција претставена преку дронот-камикаѕе „Ланцет“.
Според Сергеј Чемезов, кој ја врши функцијата генерален директор на концернот „Ростех“, интелектуалниот комплекс кој е дел од ударниот дрон-камикаѕе „ZALA Ланцет“, опфаќа неколку круцијални тактички способности како што се извидување, комуникација, навигација и ударна способност. Ова беспилотно летало ќе се произведува во повеќе варијанти. „Ланцет-1“ ќе биде многу лесно беспилотно летало кое ќе има способност да носи минијатурни боеви глави со тежина 0,7-1,0 килограми, додека, на пример, „Ланцет-3“ ќе биде малку потежок и ќе може да носи двојно поголема боева глава. Се работи за исклучително евтино вооружување кое може да оствари максимална брзина до 110 км/ч и да погоди цел на далечина од 40 км. Нивната „интелектуална“ способност ќе овозможи напади во поголеми групи-роеви.