Новата руска борбена опрема ќе добие можност за греење на струја

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Руските војници судејќи според сé ќе добијат опрема со функција за греење на струја. Демонстрацијата на иновативниот дел на опремата СЛЕВ-1 се одржа на зборот на вишите офицери на Централниот воен округ во Свердловската област.

Како што соопшти прес-службата на ЦВО, комплетот автономен систем за локално греење на струја се става на долната облека под униформата и не го попречува движењето на војникот.

„Непрекинатото автономно греење кое се напојува од една батерија може да трае најмалку 12 часа со максимална сила“, се наведува во соопштението.

Во Централниот воен округ вкупно пристигнаа околу 1000 комплети СЛЕВ-1 кои ќе ги добијат единиците за специјална намена.

Можно е новиот уред да стане дел од комплетот заштитна опрема „Сотник“, која во 2025 година би требало да ја замени опремата „Ратник“.