Руските вакцини „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“ ефикасни против британскиот сој на коронавирусот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Центарот за вирологија и биотехнологија „Вектор“ на Федералната служба за фитосанитарен надзор на Русија (Роспотребнадзор) ја потврди ефикасноста на руските вакцини „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“ против британскиот сој на коронавирус.

„Заштитниот ефект беше демонстриран во реакциите на неутрализација со употреба на серуми, добиени од лица вакцинирани со вакцините „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“ кои содржат антитела на вирусот SARS-CoV-2“, велат од „Роспотребнадзор“.

Како што се наведува, серумот на вакцинираните граѓани ефикасно ја неутрализирал како британскиот така и стандардниот сој на коронавирусот.

Новата мутација на коронавирусот беше откриена во Велика Британија кон средината на декември, Според научниците, таа се шири 56-70 проценти побрзо од изворниот вирус. Притоа, нема научни докази за повисока смртност на новиот сој.

Британскиот сој коронавирус е откриен во неколку десетици европски земји, вклучувајќи ја и Русија.