Подморниците од класата „Лада“ се вооружуваат со ракети „Калибар“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сериските подморници од проектот 677 „Лада“ добиваат нов електромотор и лансери за крстосувачки ракети „Калибар“.

„Подморниците „Кронштат“ и „Великие Луки“, кои се во разни фази на изградба, ќе бидат опремени со нов, потивок и помоќен електромотор. Покрај тоа, ќе ги добијат најновите ракети „Калибар“, изјави за РИА „Новости“ генералниот директор на бродоградилиштето „Адмиралтејские верфи“ Александар Бузаков. Планирано е во 2020 година подморниците да ѝ бидат испорачани на Воената морнарица на Русија.

„Санкт Петербург“, главниот брод од оваа серија, ѝ беше предаден на флотата во 2010 година. Од вооружување има само мини и торпеда и сé уште е во фаза на пробна експлоатација. Проектот на дизел-електричната подморница предвиден за внатрешните мориња е развиен уште во советскиот период и е поевтин од подморниците од класата „Палтус“. Во повеќе наврати беше замрзнуван и преработуван. Конкретно, беше планирано подморниците од класата „Лада“ да бидат опремени со погон независен од воздух, но засега тоа не е остварено.