Маринците извршуваат борбена задача во суровите климатски услови на Балтикот. Тие се подготвуваат за сите можни временски услови, независно од периодот на денот или годината. Денеска е ветровито и затоа во хеликоптерот Ми-8 нема почетници. Временските прилики се на границата на дозволените, така што за скок со падобран е потребна максимална концентрација.
Висината е 600 метри, брзината на летање околу 100 км/ч. Една од типичните вежби на единиците на морнаричката пешадија е десантирање со личното оружје, т.е. со автоматот на гради. Една по друга, на небесното синило се појавуваат снежно-белите куполи на падобраните Д-6 и Д-10 кои наголемо ги користат десантно-јуришните единици. Несекојдневните сцени ги снима еден од најдобрите стручњаци во својот домен, началникот на десантно-падобранската служба, потполковник Андреј Алексшин. Ова е уникатна можност целиот настан да се погледне од аголот на падобранецот.
Над неговата глава е разнобоен падобран „Малва 24“. Го користат спасувачките десантни падобрански единици за крајно прецизно спуштање на терен каде што не може да атерира хеликоптер. Покрај тоа, се применува и падобранот „Арбалет“ кој има слични карактеристики, а го користат извидниците и спецназот.
„Се одвојуваме, го отвораме падобранот и вежбаме управување и прецизно спуштање. Најпрвин правилно спуштање на малку поголем полигон и излегување на правец“, објаснува началникот на десантно-падобранската служба Андреј Алексашин.
Обичните падобрани Д-6 и Д-10 не овозможуваат таква слобода во воздух, но затоа се исклучително едноставни и сигурни. Со нив дури и новите брзо стануваат падобранци. Сергеј Аљакин е веќе трети месец во морнаричката пешадија, а скока со падобран веќе шести пат. Денеска при спуштањето не течеше сé баш како што треба, се приземји во бодликав џбун, но тоа не влијаеше на неговиот борбен дух.
„Повеќе немам страв. Ја пребродив таа фаза на страв, сега сум похрабар“, вели Аљакин.
Руските маринци набргу ќе имаат можност да ги покажат сите свои квалитети, затоа што годинава на Балтикот ќе бидат организирани големите маневри „Запад 2021“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче