Магазинот „Национален Интерес“ фасциниран од „долговечноста“ на советскиот митралез ДШК

ДШК 1938, тежок митралез со голем калибар (12,7 мм) со статив.

ДШК 1938, тежок митралез со голем калибар (12,7 мм) со статив.

Георгиј Шуклин/(CC BY-SA 1.0)
„Ако нешто не се расипува, не чепкај ништо“, пишуваат Американците.

Американскиот магазин „Национален Интерес“ (The National Interest) објави прилог посветен на советскиот митралез ДШК. Лајтмотив на статијата е „долговечноста“ на неговата конструкција. Како што истакнува авторот на текстот Кејлеб Ларсен, овој митралез со голем калибар веќе 90 години интензивно го користат армиите и различни вооружени формации во целиот свет.

Ларсен го споредува ДШК со американскиот митралез M2 на Џон Браунинг, кој исто така „длабоко зајде в години“ и чија конструкција потекнува уште од крајот на Првата светска војна. Авторот е импресиониран од фактот дека конструкцијата на ДШК е осмислена далечната 1938 година, а исто така и од големиот број вооружени конфликти во кои е користен овој митралез.

Аналитичарот на магазинот „Национален Интерес“ признава дека ДШК дал придонес во победата во Втората светска војна, но како Американец поголемо внимание ѝ посветува на војната во Виетнам. Имено, токму ДШК (кој СССР му го испорачуваше на Северен Виетнам) ги примора американските хеликоптери да летаат попретпазливо и на поголема висина, затоа што беа премногу лесен плен за советскиот митралез со голем калибар.

Авторот ја завршува статијата со мислење дека ДШК уште долго време ќе биде во функција, затоа што тоа е многу добар спој на такви квалитети како што се „евтинија и лутина“. Поради тоа овој старински советски митралез уште долго ќе можеме да го гледаме на снимки од вооружени конфликти ширум светот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња