Најпрвин врз метите оддалечени околу 800 метри отвори оган советскиот митралез со постолје ДШК. По неколку пробни истрели митралезецот успеа да ги погоди противпожарните апарати кои експлодираа ефектно. Ефективниот дострел на ДШК е 1100 метри. Брзината на огнот му е 600 куршуми во минута, а користи патрони 12,7×108 мм, кои се девет милиметри подолги од патроните на американскиот митралез М2, што овозможува на оддалеченост од 500 метри да се пробие оклоп со дебелина од 15-20 милиметри.
Видео-блогерот не успеа веднаш да го покаже ефективниот дострел на митралезот „Корд“. Иако оружјето има оптички нишан, куршумите поминаа покрај метите и ја погодија подлогата, а во земјата издупчија длабоки канали. Дури од вториот обид митралезецот успеа да ги погоди противпожарните апарати, кои беа потполно пробиени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче