ДШК
Legion MediaВо текот на нашите последни тестови на специјализираното стрелиште во предградие на Москва, каде што употребивме тешки митралези ДШК и КОРД, добивме муниција каква што никогаш дотогаш немавме видено. Се работеше за зрно чиј врв беше обележан со бела боја (овој куршум има ист калибар како американскиот .50 BMG).
Оваа муниција е креирана ефикасно да уништи лесни оклопни возила на дистанци и до 2 илјади метри. Една од неговите главни карактеристики, која му овозможува вакво дејство на целта, е брзината на куршумот како и количината на кинетичка енергија која притоа ја генерира зрното.
Оваа муниција е направена за тешки митралези од советско/руско производство, вклучувајќи ги и тешките снајперски пушки (за да нема забуна, овој куршум нема врска со руските пушки кои остваруваат рекорден дострел кој достигнува далечина и до 7 илјади метри / се мисли на пушката СВЛК-14С „Сумрак“ и модификацијата врз нејзина основа).
Накратко, наведената муниција можат да ја користат снајперските пушки АСВК. Ова по малку чудно име за пушка (како генерално и за сите руски оружја) претставува кратенка од „армиска снајперска пушка со голем калибар“.
Куршумот генерира сила од 17 илјади џули, што е доволно да се пробие челична плоча дебела 20 мм на далечина од 500 метри. Со ваква сила зрното продира низ плочата како „нож низ путер“.
„Оваа муниција инаку многу ретко се употребува и главно се користи при тестирање на ново или модифицирано оружје“, напоменуваат конструкторите.
Според нив, се работи за куршум кој има висока производствена цена. Имено, за да се комплетира овој куршум, неговата производствена цена по единечно парче достигнува 30-40 американски долари. Доколку овој куршум се појави на цивилниот пазар, тогаш во однос на стандардната муниција со ист калибар би бил поскап за 1,5 пати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче