Европските астронаути летаат на МКС со бродот Crew Dragon, а за лет се подготвуваат во Русија

Вселенско летало SpaceX Crew Dragon со екипаж се приближува до Меѓународната вселенска станица.

Вселенско летало SpaceX Crew Dragon со екипаж се приближува до Меѓународната вселенска станица.

NASA/Keystone Press Agency/Global Look Press
Европските астронаути кои годинава ќе летаат на Меѓународната вселенска станица (МВС) со вселенскиот брод Crew Dragon на Илон Маск се подготвуваат за лет во подмосковскиот Центар за подготовка на космонаути.

„И покрај тоа што нашите астронаути во наредниот период ќе летаат со американски вселенски бродови, тие ги продолжуваат подготовките во Ѕвездениот град. На пример, следниот наш астронаут е Тома Песке, а по него оди Матијас Маурер. Обајцата сега се во Ѕвездениот град“, изјави на YouTube каналот на „Роскосмос“ Рене Пишел, шеф на претставништвото на Европската вселенска агенција (ЕСА) во Русија.

Последниот Европеец кој на МВС леташе во „Сојуз“ беше Италијанецот Лука Пармитано, и тоа беше 2019 година. Летовите на астронаутите на ЕСА на Меѓународната вселенска станица со бродовите „Сојуз“ главно беа реализирани според квотата што ѝ е доделена на агенцијата НАСА. За 2021 година се планирани два лета на европски космонаути на МВС со американските бродови Crew Dragon: напролет Французинот Песке, а наесен Германецот Маурер.

Во вторникот генералниот директор на ЕСА Јан Вернер изјави за РИА „Новости“ дека идните летови на европските астронаути на МВС со бродови „Сојуз“ ќе можат да се реализираат во две варијанти, а тоа се бартер-договор меѓу Европа и Русија или спогодба меѓу САД и ЕФ во замена за испорака на европска опрема на агенцијата НАСА.

Генералниот директор на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин во август 2019 година издаде налог да се подготви спогодба со ЕСА за летови на европски астронаути на МВС со бродови „Сојуз“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња