Зошто астронаутите на НАСА не би го поминале приемниот испит во СССР и Русија?

Yuri Gagarin, Russian cosmonaut, 1960s // Portrait of Astronaut Neil A. Armstrong --- Getty Images;NASA
Иако во вселената подеднакво успешно летаат и руските астронаути и астронаутите од другите земји, постои еден интересен парадокс. Критериумите за нивниот избор се сосема различни. Притоа тие со години летаа во исти вселенски бродови и понекогаш дури и на исто одредиште, Меѓународната вселенска станица.

Првиот човек во космосот Јуриј Гагарин никогаш не би станал легенда доколку би живеел во Соединетите Американски Држави зашто, едноставно, не би имало никаква смисла дури ни да ги предаде документите.

Прв одред

Гагарин имал обична пилотска школа и само две години практика кога во 1960 година бил избран за првиот одред космонаути. Во тоа време космонаутите биле регрутирани исклучиво од воените пилоти на ловечки авиони и не постоеле високо критериуми во поглед на образованието.

И во САД изборот бил строго доверлив, а се спроведувал меѓу пробните пилоти со високо образование (завршени барем основни студии) и најмалку 1.500 часа лет. Кога овие критериуми би се примениле на првиот советски одред, би излегло дека само Павел Бељаев и Владимир Комаров имаа завршено воздухопловна академија. А, бараните часови лет ги имал само Бељаев.

Пропусница за вселената

По првите приеми космичките сили мошне брзо разработиле секоја свој систем на избор на кандидати. Во Советскиот Сојуз космонаутот морал да биде член на партијата, искусен воен пилот, беспрекорно здрав и физички подготвен како мајстор на спорт. Општо земено, критериумите што требало да бидат исполнети со децении не се менувале и биле мошне строги, поради што никогаш немало „премногу“ космонаути. На крајот, вселенскиот борд „Сојуз“ со кој космонаутите летаа речиси 60 години има само три места кои лесно ги пополнуваа постојните „идеални“ кандидати.

Што може да се каже за американската вселенска програма. Пресвртниот момент НАСА го бележи во 1978 година кога беше објавен отворен конкурс (прв по 1969 година) по повод започнувањето на амбициозната програма „Спејс шатл“. Со вселенските бродови кои имаа место за најмногу осум лица и без можност за беспилотна испорака на товар на орбитата беше јасно дека во непосредна близина ќе биде потребен голем број астронаути. Така, критериумите биле намалени и во агенцијата стасаа рекорден број апликации. Селекцијата ја минаа 35 кандидати, како воени пилоти, така и научници од цивилниот сектор.

Олкав степен на отвореност во Русија беше забележан дури во 2012 година, „поради затегнатата кадровска ситуација“. Имено, поради дотогаш затворениот прием, космонаути можеа да станам само воени пилоти и вработените во ракетно-космичката област. И тоа имаше негативен ефект. Како што беше објаснето од страна на комисијата за прием уште во 2005 година, интересирањето за лет во космосот, и без тоа, не било големо, поради претежно малите плати во овој сектор, додека оние кои и покрај тоа имаа желба не минуваа поради медицински причини.

Поради тоа со правење отстапки во поглед на ригорозните правила се започна уште во 2006 година, од кога, да кажеме, три полни години работен стаж во претпријатието не беа неопходен услов. Дури и на професионалните високообразовни установи се забележани случаи на луѓе од страна да „врбуваат“ студенти од завршните години за одредот космонаути, директно од училишната клупа. Во Русија денес во космосот можат да летаат научници, биолози, лекари.

Условеност од техника

Меѓутоа, и покрај сеопштото намалување на критериумите, Американците сепак не би можеле да ја минат аудицијата на Роскосмос. Руската космонаутика до денешен ден всушност не успеа да излезе од ригорозните антропометриски рамки. А, сето тоа е поради моделот на постојната космичка техника и опрема.

Сè е строго пропишано: обемот на гради, големината на стапалата, ширината на колковите во седечка положба, но и растојанието помеѓу аглите на јамите под пазувите!!! Овие правила, како што се очекува, ќе бидат сменети кога ќе почне да се користи новиот вселенски брод „Орел“ (познат и како „Федерација“).

Руските космонаути, меѓутоа, имаат нешто поголеми шанси да влезат во одредот на НАСА. Таму барањата не се генерализирани, ами зависат од конкретниот случај. Имено, НАСА врши посебни приеми на астронаути-пилоти, астронаути-истражувачи и на астронаути-предавачи.

Сите кандидати мораат да знаат да пливаат, да зборуваат руски јазик (втор официјален јазик на Меѓународната вселенска станица), и да имаат баре, свидетелство за завршени основни студии. Меѓутоа, во врска со здравствените критериуми, ситуацијата е мошне поедноставна. НАСА ги има укинато ограничувањата во поглед на годините, а ниту совршениот вид повеќе не е неопходен, зашто можат да се користат контактни леќи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња