Каков е тој руски Сојуз кој и понатаму му парира на Драгон-2?

Сергеј Мамонтов/Sputnik
Дали сте забележале дека новиот вселенски брод со посада на компанијата „Спејс Екс“ постојано се споредува со рускиот Сојуз? За што станува збор и зошто руското летало привлекува толкаво внимание?

Во куси црти, Сојуз е советско-руски вселенски брод кој со помош на истоимената ракета ги превезува луѓето до Меѓународната вселенска станица. До неодамна (сè до најуспешното лансирање на Илон Маск на 30 мај оваа година) беше единственото средство на светот за превоз на космонаути во орбитата. А, потекнува од 1962 година!

Тоа значи дека веќе речиси 60 години луѓето летаат во ист вид вселенски брод. Може да се заклучи дека тоа не им беше драго на сите. И сега имаме избор. Ние, сепак, не брзаме да преминеме на новиот модел.

Како настана Сојуз?

Всушност вселенскиот брод Сојуз е проектиран за првата ракета-носач Сојуз, а таа беше само подоцнежна модификација на балистичката ракета Р-7.

Ракетата Р-7 ја проектираше Сергеј Корољов и беше првата интерконтинентална балистичка ракета на светот, замислена да носи термонуклеарно оружје. Но, како борбена ракета „седмицата“ не се покажа и во составот на вооружувањето помина само осум години. Меѓутоа, си најде друга намена. Врз нејзина основа е развиена целата космонаутика. Во октомври 1957 година Р-7, на пример, во орбитата го однесе првиот сателит.

Нејзината модификација под називот Сојуз исто така имаше амбициозни задачи. Космичката трка помеѓу СССР и САД беше во полн ек, а нашиот одговор требаше да биде вселенски брод. Јуриј Гагарин веќе беше во космосот, и Советите почнаа да работат на програма за подолги летови. Конкретно, работеа на лет околу Месечината. За тоа им беше потребен брод за повеќе членови на екипажот кој може да се поврзува со другите летала во орбитата.

Јуриј гагарин и Сергеј Корољов

Во 1967 година беше реализирано првото лансирање со екипаж. Како што е познато, Советскиот Сојуз тогаш ја изгуби трката до Месечината, но вселенскиот брод Сојуз зазеде стабилно место во арсеналот на советската космонаутика зашто првобитно неговата главна специфичност во однос на претходните носачи од типот Р-7 беше системот за безбедно управување. Тоа значи дека системот за спасување во случај на дефект, кој се активира 15 минути пред полетувањето обезбедува спасување на екипажот во секоја фаза на летот.

За што се користи Сојуз

Сојуз се користи како „вселенско такси“. Тој освен државјаните на Русија на Меѓународната вселенска станица превезува космонаути и од други земји, на станицата може да носи резерви вода, храна, опрема, како и од станицата да ги враќа луѓето на Земјата.

The Soyuz TMA-01M

Во Сојуз може во исто време да престојуваат најмногу три лица. Од 2011 година, по затворањето на американската програма Спејс Шатл, па сè до неодамна Русија беше единствениот превозник на космонаути во орбитата.

Што има во Сојуз?

Вселенските бродови од семејството Сојуз се составени од три недела: сферен орбитален модул, аеродинамична капсула за враќање на Земјата и цилиндричен вселенски модул со соларни панели. За време на стартувањето космонаутите се наоѓаат во капсулата која е мошне тесна.

Нешто повеќе простор (но, тоа се само 3.4 метри должина и 2.2 во пречник) има во орбиталниот модул, каде се наоѓа и товарот за Меѓународната вселенска станица. Тука е санитарниот уред, односно космички тоалет, за чие користење најпрво е потребно да се прочита подолго упатство (верувајте, не е воопшто едноставно).

Maksym Kozlenko (CC BY-SA 4.0)

Во текот на сиве овие години вселенскиот брод е модернизиран, но главно не однадвор, ами во сегментот на системот за управување. Вака изгледа една од поновите модификации (од 2016 година): Сојуз МС. И доколку ви се чини дека сето тоа е страшно неудобно, сосема имате право.

„Кога првпат влегов во симулаторот на Сојуз, забележав дека мојот американски колега пие лекови против болки“, се сеќава Андре Кајперс, холандски астронаут од Европската космичка агенција. „Го прашав зошто ги пие, а тој одговори: набргу ќе дознаеш! И навистина, во текот на тренинзите страшно ме болеа колената. Тоа е мошне неудобен брод“.

Зошто Русија и понатаму го користи Сојуз?

Меѓутоа, и покрај таа неудобност (космонаутите мораат да седат во поза со колената покрај ушите), Сојуз е денес последното упориште на Роскосмос на пазарот за космички летови. Теоретски, би требало да го замени многу поудобниот и попросторен (до шестмина во леталото- вселенски брод од новата федерација под називот Федерација (пред една година името му е променето во Орел). На него се работи уште од 2009 година. Но, тој сè уште нема полетано.

А, дури и ако Роскосмос добие уште еден шатл со посада, според мислењето на конструкторите, уште долго нема да се откажеме од Сојуз. Ова летало се покажа како исклучително сигурно и се смета дека сигурноста е неговата главна доблест. Тоа има минато 150 успешни летови. Во текот на целата долга историја Сојуз имаше само две драматични лансирања и тоа на самиот почеток: во 1967 година (космонаутот загина за време на слетувањето зашто му откажа падобранскиот систем) и во 1971 година (космонаутите загинаа за време на враќањето на Земја поради дефект на вентилот кога останаа без воздух).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња