Министерството за одбрана на Казахстан се пофали со нова руска техника

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Казахстан објави видеоснимка од воени вежби на кои беше испробан неодамна добиениот противвоздухопловен ракетен систем Бук-М2Э од руско производство.

„Беше вежбано ставање на системот во функција, како и откривање на цел и нејзино погодување“, изјави командирот на полкот Таир Жуматаев. „Бук“ собори беспилотно летало кое симулираше високопрецизна ракета.

Противвоздухопловниот ракетен систем со мал дострел „Бук-М2Е“ го сочинуваат десет гасенични возила за различна намена: команден пункт, два самоодни радари, неколку борбени возила со ракети. Сите компоненти на системот се интегрирани во локална мрежа по пат на заштитени радио-канали. „Бук“ уништува тешко забележливи мети со веројатност на погодок од 0,7 и е во состојба да соборува балистички ракети.