ВИДЕО: Кадри од десантирање на најновата техника на ВДВ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија објави видео од десант на Воздушно-десантните сили (ВДВ) со најновата борбена техника.

Обуката се одржа во Костромската област. Падобранците и техниката се кренаа на небото со воено-транспортни авиони Ил-76, десантирањето беше извршено со брзина поголема од 360 км/час, интервалот на напуштање на леталото од страна на војниците беше 0,7 секунди, пишува „Росијскаја газета“.

Заедно со падобранците со падобрански системи во дадената област беа исфрлени и борбени возила БДМ-4М. Според многу нешта тие се унифицирани со БМП-3 - имаат хидропневматска суспензија со променлив клиренс и бесшумен режим на електромоторот. Борбеното десантно возило е вооружено со два топа од 30 и 100 мм, четири противтенковски наведувани ракети и пушкомитралез.