Дизајнот на новиот универзален површински брод (УМК) „Варан“ што го разви Невското проектно-конструкторско биро (Невско ПКБ, влегува во состав на Обединетата бродоградежна корпорација) претставува силен технолошки продор на руската воена индустрија. Ова во петокот го пренесе американскиот веб-портал Military Watch.
Според мислењето на авторот на овој текст, УМК „Варан“ има добро избалансиран однос на цена и ефикасност, кој го надминува досегашниот показател за универзалните бродови градени од руските бродоградежни претпријатија. Со релативно мален депласман, овој брод ќе може да носи и до 50 летала од различен тип, вклучувајќи борбени авиони, хеликоптери и беспилотни летала, соопштува американскиот веб-портал Military Watch, пренесува руски ТАСС.
Руската информативна агенција ТАСС пред некој ден објави текст во кој се наведува дека Невскиот проектно-конструкторски институт (ПКБ кој се наоѓа во состав на Обединетата бродоградежна корпорација) развил два нови проекта на универзални бродови, поточно универзалниот површински брод „Варан“ (УМК) и новиот универзален десантен брод (УДК).
УМК „Варан“ всушност претставува еден вид носач на авиони кој се одликува со висок степен на автоматизација и способност за примена на роботизирани системи. На неговата палуба можат да се распоредат и до две комплетни ескадрили повеќенаменски борбени авиони (24), шест хеликоптери и до 20 беспилотни летала. Депласманот на бродот достигнува 45 илјади тони. Неговата должина изнесува 250 метри, ширината 65 метри, а минималниот газ 9 метри. УМК „Варан“ е во состојба да плови со брзина од 26 јазли.
Што се однесува до универзалниот десантен брод (УДК), неговиот депласман е проектиран на околу 30 илјади тони. Должината на бродот е 220 метри, ширината 42 метри, а минималниот газ 7 метри. Новиот УДК е способен да оствари брзина на пловење од 24 јазли. На палубата на бродот можат да се сместат седум полетно-слетни станици за хеликоптери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче