Го одвраќа НАТО: Во Кина ја коментираат руската ракета „Сармат”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Секое лансирање на РС-28 „Сармат” во рамки на тестирање на ракетата го привлекува вниманието на многу земји. Тоа е оправдано, затоа силата на најновата генерација руски интерконтинентални балистички ракети е без преседан. САД тешко дека во скоро време ќе успеат да смислат нешто за да реагираат на оваа закана, пишува кинескиот магазин „Сина“ (Sina).

Разорната моќ на „Сармат” е неверојатна. Ракетата може да носи хиперсонични борбени блокови. Дострелот ѝ е најмалку 10 илјади километри.

„Американските воени стручњаци изјавија дека таа може да се пресретне само со помош на 500 ракети, благодарение на што обезбедува нуклеарно одвраќање на НАТО“, се наведува во текстот.

„Таквата сила ги натера САД да се гризнат за јазик. Дури и ако биде користен најмоќниот систем на американската противракетна одбрана, тоа нема да има посебен ефект, затоа што е практично невозможно да се пресретне РС-28 штом еднаш ќе се подигне во воздух”, пишува авторот на материјалот.

„Сармат” користи најсовремени ракетни мотори на течно гориво. Се смета дека моторите ба цврсто гориво се посовршени, но Русија има доволно искуство во проектирањето и одржувањето на моторите со течно гориво.  

Објавено е дека РС-28 има две модификации. Разликата меѓу нив е во дострелот и почетната маса. Двете варијанти можат да носат нуклеарни боеви глави со одвоено наведување.

„Кружното веројатно отстапување на ракетата од целта е околу 150 метри. Еден „Сармат“ е доволен за потполно уништување на мала земја. Страшно е дури и да помислите на тоа“, заклучува авторот на текстот.