Во Србија пристигнуваат уште 250 илјади дози од руската вакцина

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека до утре во земјата ќе пристигнат 250000 дози од руската вакцина „Спутник V“, додека тој лично ќе се вакцинира со кинеска.

Се очекува, исто така, дека наскоро преку Полска да биде набавена и четвртата вакцина против коронавирус од производителот „Астра-Зенека“, соопшти Вучиќ на почетокот на седницата на државниот врв и Оперативниот тим за вакцинација.

Вучиќ нагласи дека се води сметка за тоа дека единствено кај руската вакцина се различни првата и втората доза, прецизирајќи дека денес-утре стигнуваат 200000 од првата и 50000 од втората доза на руската вакцина.

Претседателот на Србија исто така најави дека „најверојатно викендов“ ќе се вакцинира со кинеската вакцина против Ковид-19.