„Преговорите за проектот се при крај, сега страните усогласуваат поединечни детали. Конечниот договор ќе биде потпишан во најскоро време“, изјави за The Economic Times началникот на штабот на Копнените сили генерал Маноџ Нараване.
Според изданието, руско-индискиот договор предвидува производство на 671427 парчиња оружје, целосна локализација на производството и можен извоз во иднина. Цената на АК-203 од индиско производство ќе биде 70000 рупии (793 евра), што е значително помалку од цената на американските јуришни пушки (1218 долари или 1008 евра), што индиската војска во моментов ги купува по забрзана постапка.
Подготвеноста за потпишување договор за ТАСС ја потврди и воено-дипломатски извор од Русија.
„Сите технички и комерцијални детали се договорени“, рече тој.
АК-203 е понатамошен развој на автоматските пушки „Калашников“ од стотата серија. Ергономскиот комплет е вклучен во основната опрема на оружјето, капакот на кутијата со цевката е прицврстен со шарка, што овозможува да се монтираат нишани, пишува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче