Нова руска технологија: Тенковски оклоп од жица

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Научниците од Брјанскиот државен технички универзитет развија нов начин на изработка на оклоп за воената техника.

„Според новата технологија, оклопот се создава со адитивен метод по пат на легирање на жица, а потоа на нејзино зајакнување со помош на дејство на ударни бранови“, изјавија за агенцијата РИА „Новости“ од Фондот за перспективни истражувања. Истовремено се истакнува дека цела низа военоиндустриски претпријатија е заинтересирана за овој проект.

Технологијата ја разви Брјанскиот државен технички универзитет заедно со Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) и ја стави на располагање на руските фабрики кои произведуваат оклопна техника. Добиена со новата метода, оваа заштита е 15-30% полесна од хомогената и истовремено е поцврста. Покрај тоа, со правењето оклоп од жица значително се намалува потрошувачката на висококвалитетен челик.