Морнаричката пешадија на Касписката флотила ја почна десантната обука во современиот учебен комплекс „Скорпионˮ во Дагестан.

Припадниците на војската совладуваат водени пречки, како и товарање на борбени возила во десантни бродови и чамци. Уште една задача која ја имаат е увежбување дејствување во одбрана и напад.
Освен тоа, возачите-механичари на полкот на морнаричката пешадија работат на усовршување на вештините во возење борбена техника на копно и низ вода. Вкупно во практичните учествуваат преку 300 војници и околу 50 оклопни возила БТР-82А.