Преку 5 илјади руски војници поминуваат борбена обука во Сибир (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
За време на практичните вежби посебно внимание се посветува на наставните вежби за возење на борбени возила и огнената обука.

Повеќе од 5 илјади припадници на тенковските и моторизираните единици на 41 армија на рускиот Централен воен округ поминуваат борбена обука на полигоните во Кемеровската област, Алтајскиот крај и Република Тува.

За време на практичните вежби посебно внимание се посветува на наставните вежби за возење на борбени возила и огнената обука. На војниците им претстои усовршување на вештините во војување, тактика на дејствување на одред во одбрана, напад и во марш.