„Кај едно лице е откриен новиот сој на коронавирус“, потврди Попова за каналот „Русија 1“. Тој случај е откриен при тестирањето Руси кои се вратиле од Велика Британија.
Пред еден месец во Велика Британија беа забележани случаи на зараза со новиот сој на коронавирус.
Според мислењето на лекарите, таа мутација се шири побрзо од обичниот вирус.
Повеќе од 20 земји ги запреа летовите со Велика Британија. „Британскиот“ сој на почетокот на јануари беше забележан во повеќе од 40 земји во светот.