Руските миротворци деминираа околу 440 хектари земја во Нагорно Карабах

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Специјалисти на Меѓународниот центар за противминска дејност при руското Министерство за одбрана продолжуваат да работат на деминирање на подрачјето на Нагорно Карабах.

Од почетокот на мировната операција, инженерските единици на руските мировни сили расчистија околу 440 хектари земја, околу 165 километри патишта, 618 станбени згради, вклучително и 22 општествено важни места. Тие успеаја да неутрализираат 21755 експлозивни направи. Изминатиов ден деминерите расчистија 5 хектари, пронајдоа и однесоа 1105 експлозивни направи за уништување.

Експлозивните предмети и неексплодираните убојни средства откриени од специјалистите се отстрануваат и уништуваат на специјално опремен полигон. Целата муниција што не може да се премести се уништува на самото место.

Во согласност со договорот во заедничката изјава на претседателот на Русија, претседателот на Азербејџан и премиерот на Ерменија од 10 ноември 2020 година во Нагорно Карабах беше објавен целосен прекин на огнот и сите воени дејствија. Во областите настрадани од воените дејствија, со помош на руски мировници, продолжува обновувањето на виталните комуникации.