Атомската подморница „Казањ“
Александар Рјумин/TASSПоследниот ден од 2020 година беше објавен нов датум за предавање на нуклеарната подморница „Казањ“ на Воената морнарица на РФ. Таа ги заврши закажаните тестови и се подготвуваше да го крене флотското знаме на 30 декември 2020 година. Сега е планирано тоа да се случи во првиот квартал од оваа година.
„Таа го заврши циклусот тестирања и е подготвена да ѝ биде предадена на флотата. Во првиот квартал од 2021 година на неа ќе биде кренато Андреевското знаме“, цитира РИА „Новости“ информиран соговорник во воено-индустрискиот комплекс. Презимето и функцијата на соговорникот, како што често се случува, не се наведени, но се чини дека кажаното е вистина, пишува „Росијскаја газета“.
Индиректна потврда на оваа информација е изјавата на генералниот директор на „Севмаш“ Михаил Будниченко во новогодишната честитка до работниот колкетив на бродоградилиштето и неговите партнери. Минатата година, според генералниот директор, северодвинските бродоградители „спроведоа тестирања на нуклеарната подморница „Казањ“, извршија нова етапа од ремонтот на „Адмирал Нахимов“.
И оваа година претстојат нови интересни задачи: „Севмаш“ треба да ја предаде нуклеарната подморница „Казањ“ на морнарицата, да продолжи со изградбата на други пловни објекти на нуклеарен погон и да ги врши ремонт на крстосувачите“.
Упатени експерти и соговорници на „Росијскаја газета“ го поврзуваат одложувањето на рокот за примопредавање на нуклеарната подморница „Казањ“ на руската флота со тековните тестирања на хиперсоничната ракета „Циркон“, со која треба да бидат вооружени повеќенаменските подморници од проектот 885М „Јасен-М“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.