Според претставникот на српската државна агенција Павле Делиќ, вакцината „ги помина сите неопходни проверки кои се извршени во согласност со законот“ и таа „одговара на високите стандарди“.
Агенцијата одговорна за квалитетот на лековите во Србија издаде официјално одобрение за примена на првата партија на вакцината „Спутник V“ во која има 2400 дози. Таа партија на 30 декември пристигна во белградскиот институт за вирологија „Торлак“. Првите дваесет дози „Спутник V“ пристигнаа во Србија уште на 4 декември. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија Саша Јаќовиќ изјави дека стручњаците на агенцијата буквално деноноќно го тестирале рускиот препарат со цел што побргу да им обезбедат на граѓаните пристап до квалитетна и ефикасна вакцина, пренесува агенцијата ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче