Србија преговара за набавка на руската вакцина против коронавирус

Keystone Press Agency/Global Look Press
Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека неговата земја е подготвена за набавка на секоја ефикасна вакцина.

Србија преговара со руската страна за купување на вакцината „Спутник V“ против коронавирус. Ова во средата го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ во отвореното онлајн-интервју што го даде на првиот заменик-генерален директор на агенцијата ТАСС Михаил Гусман.

„Кога беше организирана кампањата против руската вакцина, уште тогаш ние се залагавме за неа“, рече Вучиќ. „И јас навистина реков дека ќе бидам подготвен да ја примам доколку биде одобрена од страна на српските здравствени институции. Ние сметаме дека тоа ќе биде веќе во октомври и ноември, по завршувањето на третата фаза на тестирањето на вакцината“, додаде тој.

Претседателот на Србија истакна дека неговата земја е подготвена за набавка на секоја ефикасна вакцина и е заинтересирана и рускиот препарат што попрво да стигне во Србија. „Со таа цел нашето Министерство за здравство преговара со руските надлежни структури“, истакна тој.

Прочитајте повеќе: Вучиќ: „Прв ќе ја примам руската вакцина против корона“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња