Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ стигна во Србија

Keystone Press Agency/Global Look Press
Првите 2400 дози руска вакцина се доставени во Институтот „Торлак“.

Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ стигна во Србија.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија Мирсад Ѓелек изјави дека државата покажала голема одговорност спрема здравјето на граѓаните и дека е исполнето она што е ветено.  

„На крајот сме на 2020 година, тешка година во која водевме и водиме борба против злокобниот вирус. На крајот имаме убави вести и уште еден убав и значаен ден за Србија и нејзините граѓани. Мислам дека сме единствената земја во Европа, а можеби и во светот која има две вакцини од различен производител и дејства. Фајзеровата, која веќе се употребува, и денес добивме 2400 дози од  Спутниковата вакцина. Она што е заедничко и битно за двете е што се исклучително квалитетни и безбедни. Имаме два силни адута, две вакцини за многу посериозно да се спротивставиме на ковидот и да ја завршиме приказната со епидемијата, да живееме нормално“, изјави Ѓерлек.

Што се однесува до „Спутник V“, за ден-два се очекува дозвола и сертификат за употреба, рече Ѓерлек. Дозволата ќе овозможи Србија да добие значително поголеми количини од оваа вакцина. „Се надеваме дека во втората половина на јануари можеме да почнеме помасовна вакцинација“, рече Ѓерлек.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња